Алкараз се повлече од уште еден турнир – не ја брани титулата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од турнирот во Барселона.

Момчето од Мурсија минатата недела реши да паузира од Монте Карло, поради повреда на мускулот на десната рака.

На последниот тренинг пред заминувањето во Барселона, беше јасно дека состојбата на Алкараз не е добра.

Тој едвај ја удри топката и имаше долги разговори со својот лекарски тим.

Наместо Алкараз, еден од среќните губитници ќе биде во главниот ждреб на Барселона.

Алкараз требаше да биде слободен на стартот на ова натпреварување од серијата 500, за во второто коло да го чека подобриот од дуелот Лука ван Аш – Јижен Жанг.

Карлос моментално е трет на АТП листата, а следен турнир би требало да му биде Мастерсот во Мадрид.

Инаку, Алкараз претходните две години го освојуваше турнирот во Барселона.

Затоа очекува загуба од 500 поени.