Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави денеска оти заедно со другите тенисери ќе се обиде да го спречи светскиот рекет број 1. Новак Ѓоковиќ да продолжи доминира на тениските терени и следната сезона.
„Ѓоковиќ рече дека е подготвен да ги освои сите четири грен – слем титули, како и олимпиското злато, меѓутоа ние сме тука тоа да го спречиме“, порача Алкараз од Мексико, каде денеска учествува на егзибициски турнир.
Алкараз оваа сезона освои шест турнири, вклучувајќи го и Вимблдон, со победа над Ѓоковиќ во финалето, но забележа разочарувачки резултати во вториот дел од годината, бидејќи после лондонскиот турнир не освои ниту еден трофеј.
„Првиот дел од сезоната беше спектакуларен, но потоа после Вимблдон уследи негативен период. Мислам дека тоа е нормално и оти треба да извлечам пука од таквите ситуации“, изјави 20-годишниот Алкараз.