Алкарас за Надал: „Морам да молчам и да слушам“ 

Карлос Алкарас има целосна доверба во Рафаел Надал пред почетокот на Олимписките игри.

Алкарас и Надал ќе играат во сингл на Олимписките игри во Париз, но ќе се здружат и ќе се обидат да и донесат медал на Шпанија и во двојки .

И двајцата слетаа во Париз во понеделникот , а помладиот од двајцата Шпанци знае што да прави во двојки – да молчи.

„Не сум нервозен во моментов. Кога ќе дојде време (за натпреварите), ќе бидам. И да, се разбира, тој веќе го преживеа сето тоа, тој веќе знае како е да се игра на Олимписките игри и да се победи. злато и во двојки и во сингл“, рече Алкарас .

Надал го освои златото во сингл во 2008 година во Пекинг, додека најдобар беше во двојки со Марко Лопез во 2016 година во Рио де Жанеиро.

За Алкарас, пак, ова ќе бидат први Игри.

„Јас сум нов, јас сум дебитант овде, па морам да молчам и само да го слушам“, подвлече четирикратниот грен слем шампион.

Тенисот на Олимписките игри во Париз се игра од 27 јули до 4 август.