Напаѓачот утрово со автоматско оружје „калашников“ го уби шефот на безбедносната служба во амбасадата на Азербејџан. Двајца вработени во обезбедување на амбасадата исто така се повредени додека го спречувале нападот.
Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије Фахретин Алтун најостро го осуди нападот врз азербејџанската амбасада во Техеран.
Тој изрази сочувство на семејството на загинатиот во нападот и братскиот народ на Азербејџан, а на повредените им посака брзо оздравување.
Напаѓачот утрово со автоматско оружје „калашников“ го уби шефот на безбедносната служба во амбасадата на Азербејџан. Двајца вработени во обезбедување на амбасадата исто така се повредени додека го спречувале нападот, наведено е од Министерството за надворешни работи на Азербејџан.
Осомничениот за нападот е приведен, потврди техеранската полиција.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан го осуди нападот и најави дека нивната амбасада во Техеран ќе биде евакуирана.
Иран и Азербејџан делат граница, а во Иран живеат голем број етнички Азербејџанци.
TRT Balkan