Новинарите не треба да се откажат од вистината што ја поткрепува медиумската етика во борбата против дезинформациите, рече директорот за комуникации при Претседателството на Турција, Фахретин Алтун, пренесе ТРТ Балкан.
„Точноста е незаменлива вредност во однос на главните стандарди за етика на медиумите и етиката на печатот“, истакна Алтун.
„Можно е само да се исполни правото на општеството да добива целосни информации со точно новинарство“, рече Алтун на дискусијата за „Точно новинарство во вонредни времиња во контекст на медиумската етика“ во главниот град Анкара.
Точноста е незаменлива вредност во однос на главните стандарди за етика на медиумите и етиката на печатот, истакна Алтун.
„Само со точното новинарсвно е можно да се исполни правото на општеството да добие целосна информација“, рече Алтун на панел дискусијата во Анкара.
Алтун потенцираше дека е суштинско да се зачуваат етичките вредности во новинарството бидејќи протокот на информации и вести се зголемени во денешниот свет.
„Во ерата на пост-вистината во која живееме, дигитализацијата донесе голема дегенерација во процесите на масовната комуникација, како и можностите што ги нуди“, смета Алтун.
„Денес дезинформациите секојдневно се повеќе се појавуваат како закана за индивидуалната, социјалната и националната безбедност“, додаде тој.
Турција беше една од најизложените земји на дезинформации на меѓународната сцена, нагласи Алтун, велејќи: „Ние многу добро знаеме дека противотров на лагите, искривувањето и дезинформациите е вистината.
Алтун рече дека Турција ја гледа борбата против дезинформациите како „национална должност“, а агенцијата Анадолу (АА) и турскиот јавен сервис ТРТ играат важна улога во овој поглед.
„Вистината е концепт што ја формира основата на медиумската етика. Без разлика дали тоа се прави во конвенционални или дигитални медиуми, единствената цел на новинарството треба да биде вистината“, нагласи Алтун.