Алтун: Ќе напредуваме заедно во солидарност и мир

Четиринаесетти мај беше денот кога се манифестираше волјата на нашиот ценет народ, објави шефот на Дирекцијата за комуникации на претседателот на Турција, Фахретин Алтун, по претседателските и парламентарните избори во Турција.

„14-ти мај беше денот кога се манифестираше волјата на нашиот ценет народ. Нашиот народ го кажа својот збор и го покажа патот по кој треба да се оди. Нека ни е на сите среќно. Заедно ќе напредуваме во солидарност и мир и ќе бидеме пример за целиот свет“, напиша Алтун на социјалните мрежи.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) Ахмет Јенер рече дека, според податоците собрани до 9:45 часот по локално време (08:45 часот по средноевропско време), актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,96 отсто од гласовите.

Јенер во своето обраќање пред новинарите ги претстави најновите податоци за резултатите од претседателските и парламентарните избори одржани во неделата.

„Од вкупно 192.214 гласачки кутии во земјава, до 9.45 часот се отворени 192.187, што е околу 99 отсто. Во моментов во земјава не се отворени 27 гласачки кутии. Од 9.594 гласачки кутии, 8.065 се отворени во странство, 1.529 гласачки кутии се уште не се отворени во странство или 84,06 отсто од гласачките кутии се отворени во странство“, рече Јенер и додаде:

„Според овие податоци, до 9 часот и 45 минути Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу 44,96 отсто, Синан Оган 5,2 отсто, а Мухарем Инџе 0,44 отсто.

Граѓаните на Турција во неделата гласаа на редовните претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новото Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

ТРТ БАЛКАН