Ал Ахли и Урава полуфиналисти на Светското клупско првенство

 Фудбалерите на египетски Ал Ахли и на јапонска Урава се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во Саудиска Арабија.

Ал Ахли синоќа триумфираше над саудиски Ал Итихад со 3-1 и в понеделник од 19 часот ќе игра против јужноамериканскиот првак, бразилски Флуминенсе, за пласман во финалето.

Во второто полуфинале, кое е на распоредот во вторник од 19 часот, ќе играат европскиот првак Манчестер сити против азискиот шампион Урава, која во вчерашното четвртфинале беше поуспешна од мексикански Леон со 1-0.

Натпреварот за третото место, како и финалето, ќе се играат на 22 декември