– Клубот од саудиската прва фудбалска лига, Ал-Итихад го потврди трансферот на бразилскиот фудбалер Фабињо, кој го носеше дресот на англискиот премиер лигаш Ливерпул.
Ал-Итихад, кој е шампион во минатата сезона во лигата, по Карим Бензема, Н’Голо Канте и Жота во клубот вклучи уште еден важен фудбалер.
Во соопштението на клубот се вели дека со 29-годишниот играч од среден ред е потпишан тригодишен договор.
Британските медиумите тврдат дека трансферот чинел 40 милиони британски фунти (околу 46,7 милиони евра).