Ал Хилал понуди 400.000.000 евра за Јамал!

Во претходните месеци се зборуваше дека клубовите од Саудиска Арабија се насочени кон Винисиус Жуниор, чие доаѓање дополнително би ја зголемило вредноста на првенството во секоја смисла.

И потоа – гром од ведро небо. Како што пишува Fichajes.net, Ал Хилал испратил понуда до Барселона вредна 400.000.000 евра за Ламин Џамал .

Секако, веднаш стигна негативен одговор од Каталонија, бидејќи не помислуваат да го продадат својот најдобар играч.

Младиот Џамал ​​има договор до 2031 година, што му гарантира годишна плата од околу 10 милиони евра, со бонус за потпишување од 25 милиони, распореден во текот на шест години. Сепак, сумите што ги нудат клубовите од Саудиска Арабија лесно би можеле да ги надминат тие бројки.

Наводно, во претходните денови, поточно по поразот од Севиља, во соблекувалната на Барса било бурно, бидејќи Флик го критикувал тимот за недостаток на интензитет и ангажман на тренинзите и натпреварите, додека играчите го критикувале тренерот и неговиот тренерски штаб за лоша комуникација и недостаток на разбирање.

Џамал ​​се опоравува од повреда на препоните и е под знак прашалник за градското дерби против Џирона. Малку е веројатно дека Германецот ќе преземе некаков ризик, бидејќи Ел Класико е закажано за 26 октомври и сака да има подготвен офанзивен играч за тој дуел.