Амал Клуни, сопругата на актерот Џорџ Клуни, излезе на вечера во бордо комбинација затегнатс до кожата, која и’ ласкаше на нејзината блескава фигура.
На вечерата со нејзиниот сопруг Џорџ Клуни, Амал носеше нешто што досега не сме го виделе на неа. Имено, таа носеше комплет во бордо боја. Блескаво долго бордо здолниште со голем шлиц е комбинирано со краток топ кој има убаво деколте и го открива стомакот.
Со овој комплет кој истовремено е елегантен и провокативен, Амал облекла црна кожна јакна и штикли.Во раката носела мала црна чанта, а се одлучила за висококвалитетен и впечатлив сребрен накит – обетки и прстен.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни бил понеформално облечен. Носеше обични фармерки и темна маица, а на нозете имаше спортски чевли во беж боја.