Адвокат за човекови права, активист, стилска икона – сето тоа е Амал Клуни, чиј сопруг е познатиот холивудски актер Џорџ Клуни, а на 3 февруари го прослави својот 46-ти роденден. Оваа Британка со либански корени стана позната во текот на животот како жена со исклучителен интелект и природна убавина. Веќе за време на нејзиното образование, таа покажа неверојатен капацитет и ја освои наградата Шригли на Универзитетот во Оксфорд и Меморијалната награда Џек Кац на Правниот факултет на Универзитетот во Њујорк. Со текот на времето, таа стана квалификувана да практикува право во Соединетите Американски Држави, Англија и Велс, а исто така работеше во меѓународните трибунали во Хаг за време на нејзината кариера, вклучувајќи ги и Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен суд.
Во исто време, во 2013 година, таа беше избрана за најубава адвокатка во Лондон, а на нејзината убавина не и’ одолеа ниту познатиот холивудски заводник Џорџ Клуни, со кого се омажи во 2014 година. Како што еднаш кажа Џорџ, Амал дошла со пријателка во неговата куќа на езерото Комо во 2013 година, а актерот, кој тогаш бил ерген, сепак решил да застане пред олтарот само една година подоцна, на 53-годишна возраст.
Денес, парот има шестгодишни близнаци, ќерката Ела и синот Александар, кои вешто ги кријат од јавноста. Тие исто така ги здружија силите и заедно ја основаа Фондацијата Клуни за правда во 2016 година, фондација фокусирана на глобалното подобрување на човековите права, а денес се активни на полето на политиката и социо-економските прашања. Во 2023 година, на Амал и’ беше доделена наградата DVF, која е поддржана од истакнатата семејна фондација Дилер фон Фирстенберг, а која се доделува на исклучителни жени посветени на помагање и борба за правата на помалку среќните жени.
Сепак, покрај тоа што има завидна кариера, таа долги години импресионира со модните избори, па стана позната како стилска икона. Таа последен пат блесна во светло жолт фустан од Версаче во театарот Семјуел Голдвин за премиерата на „Момците во чамецот“, најновиот режисерски напор на Џорџ. Во таа прилика дознавме дека дури и на навидум совршената Амал сè уште не и’ оди – изгледа дека кујната не и’ е најсилната страна. Нејзиниот 62-годишен сопруг тогаш се пошегува дека нејзините вештини во кујната се толку лоши што може да го „убијат целото семејство“.
Се потсетивме на неколку нејзини изгледи од црвениот тепих, елегантната бела комбинација што ја избра за граѓанска венчавка, но и нејзиниот деловен стајлинг, кој за многумина ја прави одлична инспирација за деловен изглед.