Познатиот англиски фудбалер Рио Фердинанд застана на страната на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо , кој неколкупати беше мета на критики откако кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија.
Во последно време се повеќе фудбалери „бегаат“ од европскиот фудбал и кариерата ја продолжуваат во Саудиска Арабија, а причините за таквиот потег на сите им се добро познати.
Да потсетиме, Кристијано Роналдо на почетокот на годината потпиша договор со Ал Наср, а по неговите стапки потоа решија да тргнат бројни фудбалски асови, а дел од нив се Карим Бензема, Н’Голо Канте, Калиду Кулибали, Рубен Невес.
– Беше одлично да се видат Дејвид Бекам, Вејн Руни, Френк Лампард, Стивен Џерард како играат во Америка. Каков начин да ја завршат кариерата, добиваат огромни пари, и одат во лига која не е конкурентна. Тие го заработија тоа и имаат целосно право да ја продолжат својата кариера каде што сакаат. Тоа го видовме во медиумите. Така велат луѓето, но сега кога некои играчи одат во Саудиска Арабија, тогаш е срамота, тогаш е тажно?“, праша Фердинанд на YouTube каналот „Presents Five“.
Фердинанд разговараше и со Роналдо за кого имаше моќна порака!
– Фудбалерите нека одат каде сакаат и нека живеат. Нека ужива Роналдо. Тоа е авантура, тој го однесе своето семејство на ново место, во нова култура. Не сакам да слушам некој да го критикува. Мислам дека сите треба да се третираат исто“, заклучи Фердинанд.