Амбасадата на САД во Северна Македонија објавува дека поради промена во системот за закажување визи, апликантите нема да можат да плаќаат, закажуваат или откажуваат закажани термини во период од една недела, во втората половина од овој месец.
„На 30 мај 2025 година, Амбасадата на САД во Скопјe ќе премине на нов систем за закажување визи. Помеѓу 19 и 29 мај 2025 година, апликантите за виза нема да можат да вршат плаќања за новите административни такси за виза, да закажуваат, презакажуваат или откажуваат закажани термини, ниту да бараат итен закажан термин за виза“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.
Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на амбасадата.