Амбасада на САД во Maкедонија: Од утре ќе се објавуваат резултатите од лотаријата за имиграциска виза

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија даде добра вест.

Од таму велат дека резултатите од лотаријата ќе бидат објавени од утре.

Инаку, секоја година САД организира лотарија преку која заинтересираните кандидати од целиот свет имаат можност да добијат имиграциска виза.

Доколку сте се пријавиле, од утре ќе можете да проверите дали сте меѓу избраните.