– „Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Северна Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.
Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.
– „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат од Амбасадата на САД.