Амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран не добија покана за доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм

Нобеловата фондација денес објави дека ја повлекува поканата до рускиот амбасадор во Шведка да присуствува на годинашната церемонија на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, по острите критики од шведските политичари, јави медиумската агенција dpa.

Ја забележавме силната реакција на Шведска, која целосно ја засени нашата одлука. Избравме да го повториме минатогодишниот исклучок од редовната практика – односно да не ги поканиме амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм“, се вели во соопштението на Нобеловата фондација.

Сепак, Фондацијата посочи дека амбасадорите на трите земји ќе бидат поканети на церемонијата во Осло.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја критикуваше поканата упатена во петокот и заедно со уште неколку високи шведски политичари се закани дека ќе ја бојкотираат церемонијата во Стокхолм доколку присуствува и рускиот амбасадор.

На 10. декември во Стокхолм ќе бидат доделени Нобеловите награди за литература, медицина, физика, хемија и економија.

Нобеловата награда за мир истиот ден ќе ја додели Норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

Сите амбасадори ќе бидат поканети како и досега на доделувањето во Осло“, соопшти Фондацијата.

БелорусијаИранНобелова наградаРусијаШведска