Во серија твитови, американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, се потсмеваше на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз ќе ја признае палестинската држава во септември.
„Колку паметно! Ако Макрон може само да „прогласи“ постоење на држава, можеби Велика Британија може да ја „прогласи“ Франција за британска колонија!“, напиша Хакаби во првата реакција.
Во следниот пост, тој продолжи да се потсмева на одлуката на Емануел Макрон.
„Едностраното „декларирање“ на Макрон за „палестинска“ држава не кажа каде ќе биде таа. Сега можам ексклузивно да откријам дека Франција ќе ја понуди Француската ривиера, а новата нација ќе се вика „Франк-ан-Стин““, рече Хакаби во засрамувачка објава.
Хакаби одамна е познат по своите радикални произраелски ставови. Претходно го поддржуваше Израел во неговиот обид да го анектира Западниот Брег. Се спротивставуваше на решението за две држави и го негираше постоењето на Палестинците.
Макрон во четвртокот вечерта објави дека Франција ќе ја признае палестинската држава, предизвикувајќи негодување во САД и Израел.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон „силно го отфрла“ планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на палестинска држава,
Од почетокот на геноцидот извршен од Израел во Газа, голем број европски земји ја признаа Палестина, вклучувајќи ги Шпанија, Словенија и Ирска.