– Американец се соочува со две обвиненија против него откако случајно се застрелал со пиштол во спиење, додека сонувал дека некој му провалува во домот.
Марк Дикара (62), од сојузната држава Илиноис, помислил дека натрапник упаднал во неговиот дом ноќта на 10 април. Додека сонувал дека гони криминалец, според наводите, возрасниот човек го грабнал револверот и испукал истрел во темнината. Се разбудил оти така тогаш, случајно си пукнал во ногата, пишува „Дејли мејл“.
Дикара бил однесен в болница, каде што полицијата утврдила дека изгубил значителна количина крв, а инспекторите подоцна откриле дека го користел револверот без потребните лични документи за поседување огнено оружје.
Истрагата за пукањето утврди дека откако Дикара го испукал куршумот, тој минал низ неговата нога, па се забил во креветот. Откако полицајците виделе оти крв му блика од раната, му ставиле облога и го испратиле на лекување во блиската болница. Повредени други лица нема, а надлежните брзо утврдиле дека во домот воопшто и немало упад.
Дикара го прекршил Законот за огнено оружје во Илиноис, бидејќи, иако претходно поседувал лична карта, таа му била укината. Надлежните не ги соопштија причините по коишто му е одземена дозволата и кога тоа се случило.