Една од најпознатите порно ѕвезди, Кајли Пејџ, почина на 28-годишна возраст, а причината за нејзината смрт сè уште не е објавена.
Американските медиуми објавија дека таа починала во својот дом. Својата кариера ја започнала во 2016 година. Таа била дел од контроверзниот документарец на Нетфликс „Hot Girls Wanted: Turn On“.
Таа претходно отворено зборуваше за своите борби со зависноста. Снимила повеќе од 200 еротски филмови за компании како што се „Виксен медиа груп“ и „Брејзерс“.
„Тимот на „Брејзерс“ е длабоко тажен од веста дека Кајли Пејџ почина. Ќе ја паметиме по нејзината насмевка и љубезност. Им изразуваме искрено сочувство на семејството, пријателите и фановите на Кајли во ова тешко време“, напишаа тие.
Од неа се прости и порно ѕвездата Микел Рајли, која изјави дека има добра душа и дека насекаде носи позитивна енергија.