Американскиот државен секретар и вршител на должноста советник за национална безбедност, Марко Рубио, ќе отпатува во Турција, каде што е закажана можна средба меѓу претставници на Украина и Русија за 15 мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно за време на говорот на форум во Ријад во вторникот објави дека Рубио ќе учествува во преговорите во Истанбул, објавува „Телеграф“.
Белата куќа потврди за NBC News дека Рубио ќе учествува на разговорите во Истанбул заедно со американските претседателски претставници Стив Виткоф и Кит Келог.
Службеникот, исто така, појасни дека самиот Трамп нема да патува во Турција оваа недела.
За разлика од руската страна, имињата на официјалните лица кои ќе учествуваат на овој состанок, кој треба да се одржи во Истанбул, Турција, сè уште не се потврдени.