Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, е жртва на политички прогон.
Според првиот човек на Кремљ, тој прогон се должи на кандидатурата на Доналд Трамп за претседателските избори во САД во 2024 година, против актуелниот претседател на државата Џо Бајден.
„Ова е политички мотивиран прогон што го спроведува неговиот ривал“, вели Владимир Путин во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде што учествува на економски форум.
Владимир Путин оцени дека оваа ситуација укажува на „изопаченоста“ на американскиот систем.