Американските воени претставници апелираат до јавноста и побараа секој што знае нешто да им помогне да го пронајдат исчезнатиот борбен авион кој исчезна некаде над Јужна Каролина откако пилотот се катапултираше, пишува весникот The Guardian.
Пилотот безбедно се катапултирал од F-35B Lightning II над Северен Чарлстон во неделата попладне, откако доживеал проблеми за време на летот, велат воените претставници, што поттикна потрага по исчезнатиот авион. Во моментов се пребарува област околу две езера во Северен Чарлстон.
„Пилотот успешно слетал со падобран околу 2 часот попладне, по што бил пренесен во блиската болница, каде било констатирано дека е во стабилна состојба“, изјави Мелани Салинас.
Врз основа на последната позната локација и движења на авионот, потрагата по F-35 Lightning II е фокусирана на езерата Мултри и езерото Мерион, соопштил наредникот Хедер Стентон од базата Чарлстон.
Конгресменката Ненси Мејс вели за случајот: „Како по ѓаволите да изгубивте F-35 ? Зарем нема некој вид на систем за следење, па сега треба да ги прашаме луѓето дали го виделе авионот и дали можат да ни го вратат ?“.
Според информациите на американските медиуми, хеликоптер на државната полиција на Јужна Каролина се вклучил во потрагата по F-35 откако времето се подобрило во областа.
Официјалните лица сè уште истражуваат зошто пилотот се катапултирал, соопштија властите.
Пилотот на другиот F-35 безбедно се вратил во базата Чарлстон.
Авионите и пилотите биле со борбениот ескадрон 501, со седиште во Бофор, веднаш до брегот на Атлантикот на Јужна Каролина.