Американските војници се повлекуваат од Европа!? Германските медиуми објавија наводен шокантен говор на Џ.Д.Венс

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс би можел да најави големо повлекување на војниците од Европа на конференцијата за безбедност во Минхен, пишува Билд.

Според Билд, американскиот потпретседател би можел да ја искористи Минхенската безбедносна конференција за да објави значително намалување на американското воено присуство во Европа.

Вашингтон очекува Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана.

Кандидатот на германската опозиција за канцелар од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, исто така предвидува дека говорот на Венс на конференцијата ќе биде „конфронтациски, со исклучително остри пораки за Европа и Германија“.