Петмина припадници на специјалните сили на американската армија загинаа во хеликоптерска несреќа во Средоземното Море.
Хеликоптерот MH-60 Black Hawk се обидувал да наполни гориво во воздух кога доцна во петокот се урна во близина на брегот на Кипар. Покрената е истрага, но засега нема индиции за непријателска активност.
Пентагон испрати тимови од командоси во регионот, вклучувајќи ги Делта Форс и Тимот 6 на SEAL, за евентуално да учествуваат во спасувањето на заложниците во Појасот Газа.
Кипар е оддалечен околу 250 километри од Израел.
Хеликоптерот бил од 160-тиот армиски полк за воздухопловство за специјални операции „Ноќни шталкери“, кој ги превезува силите на командоси во тајни рации.
– Од почит кон погодените семејства и во согласност со политиката на Министерството за одбрана, идентитетот на повредените членови на екипажот нема да биде откриен дури 24 часа по завршувањето на известувањето на најблиските – според Европската Команда на Соединетите Американски Држави (EUCOM).
Се огласи и американскиот претседател Џо Бајден.
– Џил и јас жалиме за загубата на пет американски војници кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Средоземното Море за време на мисија за обука. Се молиме за семејствата и пријателите кои изгубија драгоцен близок и дел од својата душа. Целата наша нација ја аочувствува нивната тага – вели Бајден.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Џеј Остин вели дека истрагата сè уште е во тек.
– Тоа е уште еден остар потсетник дека храбрите мажи и жени кои ја бранат нашата голема нација секојдневно ги ставаат своите животи на линија за да ја зачуваат нашата земја безбедна. Тие момци го претставуваат најдоброто од Америка. Ќе ја паметиме нивната служба и нивната жртва – вели Остин.
EUCOM, чие седиште е во Штутгарт, се состои од 65.000 постојан воен персонал одговорен за американските воени операции низ Европа, делови од Азија и Блискиот Исток, Арктикот и Атлантскиот Океан.
Два американски носачи на авиони, да потсетиме, се позиционирани во близина на брегот на Израел од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас со цел да го предупредат Иран да не се меша во конфликтот.