Американските санкции врз нафтената индустрија во Србија повторно одложени за 30 дена

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) ги одложи санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште еден месец.

Ова е петто одложување на целосната примена на американските санкции објавени поради учеството на Русија во сопственоста на НИС, пренесува Nova.rs.

Компанијата НИС испрати барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца што ја одложува целосната примена на санкциите.

Ова барање, како и во претходните случаи, беше поддржано од Владата на Србија.

На 14 март, NIS поднесе барање до Министерството за финансии на САД да биде отстранета од листата на санкционирани земји.

Санкциите беа воведени врз компанијата НИС на 10 јануари поради „секундарен ризик“, односно поради нејзината поврзаност со рускиот Газпром.