Ванг потсети дека кинеското Министерство повеќепати јасно стави до знаење дека влегувањето на кинескиот метеоролошки балон во воздушниот простор на САД се должи на виша сила и целосна несреќа.
Од почетокот на минатата година, балони од Соединетите Американски Држави над 10 пати илегално летале на големи височини над кинескиот воздушен простор без одобрение на кинеските власти, изјави во понеделникот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
Не е невообичаено американските балони илегално да навлезат во воздушниот простор на друга земја, рече Ванг на редовниот брифинг со новинарите во Пекинг.
„САД, исто така, често испраќаа воени бродови и авиони за да ја шпионираат Кина, што го поткопува кинескиот суверенитет“, рече тој.
Ванг потсети дека кинеското Министерство повеќепати јасно стави до знаење дека влегувањето на кинескиот метеоролошки балон во воздушниот простор на САД е резултат на виша сила и целосна несреќа.
Кинескиот портпарол изјави на брифингот во понеделникот дека САД долго време ги злоупотребувале своите технолошки предности за масовно, недискриминирачко прислушување и кражба на тајни ширум светот, вклучително и нивните сојузници.
„Всушност, САД се најголемата земја во светот во областа на надзорот и извидувањето, со најголема шпионска мрежа во светот“, рече Ванг.
Според извештајот на Анзер, информативна платформа за сајбер безбедност, НСА од далечина украла повеќе од 97 милијарди глобални интернет податоци и 124 милијарди телефонски записи за 30 дена.