Американските разузнавачки агенции веруваат дека експлозијата во болницата во Газа пред една недела била предизвикана од палестинска ракета, која и го скршила моторот и се поделила на два дела, а боевата глава со експлозив го погодила паркингот на болницата.
Обраќајќи им се на новинарите во телефонски разговор, американските разузнавачи велат дека имаат „голема доверба“ во нивната оценка дека Израел не ја истрелал ракетата и дека веруваат дека палестинските милитанти ја испукале ракетата вечерта на 17 октомври, пренесува Телеграф.
Сигурни се дека станува збор за ракетата што ја истрелале палестинските милитанти, но не се 100% сигурни дали е дело на палестинскиот исламски џихад.
„Со голема доверба оценуваме дека Израел не е одговорен за експлозијата во болницата и дека се одговорни палестинските милитанти“, изјави еден од американските разузнавачи.
„Податоците се базираат на прислушуван разговор меѓу осомничените што го потврдува тоа“, соопштија меѓу другото американското разузнавање, нагласувајќи дека сè уште истражуваат и наскоро ќе потврдат за која група точно се работи.