Американците ги испраќале граѓаните во засолништа: Иран ќе ја нападне најголемата американска воздухопловна база на Блискиот Исток?

Американската амбасада во Катар издаде порака до американските граѓани во која им препорачува „да останат во засолниште до понатамошно известување“.

Препораката доаѓа во услови на растечки закани од Иран за одговор на американските напади врз иранските нуклеарни постројки во текот на викендот.

Заканата за Американците беше зголемена и поради фактот што американската база во Сирија беше нападната порано денес. Иранската новинска агенција Мехр објави дека воената база била цел на минофрлачки напад.

Патем, во Катар се наоѓа базата Ал-Удеид, која е команден пункт на Централната команда на американската армија (CENTCOM) и е домаќин на повеќе од 10.000 војници.

Поголемиот дел од воздухопловната флота беше повлечен од базата Ал-Удеид во последните денови како дел од превентивните мерки, што дополнително ја потврдува опасноста од ирански напад врз американските воени објекти.

Воздухопловната база Ал-Удеид е најголемата американска воздухопловна база во овој дел од светот.