Во Индијанаполис се одигра уште еден Ол-стар меч, а шеста година по ред српскиот центар Никола Јокиќ доби можност да учествува во најголемиот спектакл во НБА.
Српскиот ас е познат како некој кој не сака премногу внимание во Америка, често го избегнува пресот, се труди да остане приземен, а сличен став имаше и за време на Ол-стар натпреварот.
Сепак, тоа не им се допадна на многу Американци, па решија бесрамно да го навредат двократниот МВП на лигата без причина.
– Ова е толку очајно, човече!“, „Сфаќаш дека спортот е форма на забава, нели? Јас треба да се возбудам што тој игра а не тој самиот? Да, сигурно“, „Подобро е да оди во Србија и да се грижи за коњите“, „Тој е неблагодарен“, „Целиот тој наратив „не сакам да бидам тука’ е малку претеран во овој момент“. Да не сакаше да биде тука, ќе се вратеше во Србија и ќе гледаше коњски трки, сигурно веќе заработи доволно и никој не го тера да биде тука “ – ова се само дел од коментарите кои беа упатени на сметка на Никола Јокиќ.
Многу е интересно што Американците вака зборуваат за Србинот, а не за своите играчи, со оглед на тоа што Никола е единствениот што дури се обиде да игра одбрана. Но, ако им е интересно да гледаат натпревар кој завршува со резултат 211:186 и во кој секој го постигнува кошот како сака, кои сме ние да се жалиме?
Инаку, Никола го заврши мечот во Индијанаполис со 13 поени, девет асистенции и четири скока, што е негов најдобар учинок на еден Ол-стар меч.