Најавите дека Американците ќе го суспендираат Лионел Меси во МЛС лигата се остварија и најдобриот фудбалер на сите времиња ќе го пропушти следниот натпревар на Интер Мајами.
Меси беше суспендиран откако беше заклучено дека без оправдание го пропуштил минатонеделниот Ол-стар натпревар од МЛС, а беше казнет и со еден натпревар.
Значи, славниот Аргентинец ќе мора да го гледа натпреварот на Интер против Синсинати од трибините, кој се игра претстојниот викенд.
Меси и оваа сезона блеска во дресот на американскиот клуб и има 18 гола на 18 одиграни натпревари, а асистираше и седум пати.
Интер е на петтото место на табелата во МЛС со 41 бод, седум помалку од лидерот Синсинати, но тимот од Мајами има три натпревари помалку од своите ривали.