Меѓународни извори објавија дека наскоро во Брисел е договорена заедничка средба Курти-Вучиќ.
Изворите велат дека оваа средба ќе биде организирана на инсистирање на американскиот Стејт департмент и се очекува да се одржи во февруари.
Во меѓувреме, од Владата на Косово и од Европската унија како посредник во дијалогот, се уште не се потврдени никакви вести.
Неодамна, косовскиот премиер Албин Курти начелно го прифати француско-германскиот план, нарекувајќи го „добра основа за понатамошни дискусии“, но категорично го отфрли спроведувањето на Асоцијацијата без да ги исполни неговите шест услови објавени минатата недела.
Од српското претседателство се уште нема потврда за следната средба Курти-Вучиќ. Француско-германскиот план предизвика реакции и физички пресметки во српското Собрание меѓу опозицијата и пратениците на партијата на Вучиќ.
Високиот советник во Стејт департментот Дерек Шолет вечерва во телефонски разговор со премиерот Албин Курти ја поздрави одлуката на Косово да го прифати европскиот план.
Во објава на Твитер, Шоле напиша дека спроведувањето на тој план ќе обезбеди важни придобивки за Косово и Србија.
Овој став на Шоле го поддржа и американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер.