Украинската контраофанзива се очекува во следните неколку недели, откри американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Тој додаде дека САД имаат за цел да направат сè што можат за да и’ помогнат на Украина да ги врати нејзините територии и да зајакне на долгорочна перспектива, што, како што рече, го сакаат и другите украински партнери.
Сепак, како што рече, одлуката дали Крим и другите територии кои поминале под контрола на Руската Федерација треба да бидат вратени на Киев.
– Украина е демократска земја. Претседателот Володимир Зеленски е одговорен за управувањето со земјата, но мора да ја слуша волјата на Украинците – коментира Блинкен, одбивајќи директно да одговори на прашањето дали мисли дека Киев навистина може да ги врати поранешните територии.
Што се однесува до Москва, американскиот државен секретар рече дека невидениот притисок врз Русија ќе продолжи сè додека Москва не го промени својот политички курс.