Глобалната алијанса за вакцини (GAVI) обезбеди девет милијарди американски долари за вакцинирање на најсиромашните деца во светот во следните пет години, изјави претседателот на одборот на организацијата, Жозе Мануел Баросо.
Организацијата го објави вкупниот износ на крајот од самитот на донаторите во Брисел. Износот ги вклучува ветувањата од донатори како што се Обединетото Кралство и Фондацијата Гејтс и парите што останаа од пандемијата на ковид-19. Не го вклучува грантот од САД.
Американскиот секретар за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, претходно во среда изјави дека САД повеќе нема да го финансираат GAVI и го обвини дека ја игнорира безбедноста кога станува збор за вакцините. GAVI одговори велејќи дека безбедноста е негов приоритет.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека Хрватска ќе донира еден милион евра годишно на Глобалната алијанса за вакцини до 2030 година.