Продолжува правната игра со амнестијата на поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов за функционерите кои беа инволвирани во истрагите на ПСП и редовното обвинителство.
Врховниот суд соопшти дека подносителот го повлекол барањето овој суд да заземе принципиелен став за амнестиите на Иванов.
Принципиелниот став и принципиелно правно мислење се услови Европскиот суд за човекови права во Стразбур да расправа за амнестија, кој ги одби првичните барања на Мијалков, Јанкулоска, Никола Груевски и други функционери кои побараа Стразбур да ги признае амнестиите на Иванов за нив.