Аморим: Откако пристигнав, сме најлоши во Англија, aјде да одиме по европскиот трофеј

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетик Билбао во четврток во 21:00 часот. Во првиот натпревар, Манчестер победи со 0:3 на гостински терен и е огромен фаворит за влез во финалето. Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, им се обрати на новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Откако пристигнав, ние сме најлошиот тим во Премиер лигата во однос на резултатите. Мислам дека би можеле да бидеме најлошиот тим во Премиер лигата што некогаш освоил европски трофеј. Оваа сезона беше разочарување, најлошата во последните 50 години“, рече португалскиот тренер, а додаде и неговиот играч Алехандро Гарначо.

„Знаеме дека не ја вршиме најдобрата работа во Премиер лигата. Ќе се однесуваме како да не сме победиле во првиот натпревар. Ако ја освоиме Лигата на Европа, одиме директно во Лигата на шампионите и ќе можеме да ја започнеме следната сезона со подобар менталитет“, рече напаѓачот на Јунајтед, Гарначо.