Аморим по неуспехот: Нема да дадам отказ, можат само да ме отпуштат

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по поразот во клучниот натпревар од сезоната изјави дека не размислува за оставка.

Аморим го наследи Ерик тен Хаг на клупата на Јунајтед во ноември минатата година, но дури ни тој не успеа да ги врати „Црвените ѓаволи“ на вистинскиот пат.

Во англиската Премиер лига, Јунајтед е само на 16-то место, во ФА Купот беа елиминирани од Фулам во осминафиналето, во Лига Купот во четвртфиналето од Тотенхем, а синоќа играа финалето на Лигата на Европа против истиот противник.

Синоќешниот натпревар во Билбао беше последна шанса на Аморим да освои трофеј и да игра во Лигата на шампионите следната сезона, но Спарс победија со 1:0 и со тоа ја завршија кошмарната сезона на „Црвените ѓаволи“.

И покрај сето ова, Аморим изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека има намера да остане во Јунајтед до крајот на договорот во јуни 2027 година.

„Нема да поднесам оставка. Доколку раководството или навивачите сметаат дека не сум вистинскиот човек за оваа работа, можат да ме отпуштат. Во тој случај, веднаш ќе си заминам и нема да земам никаква отштета, но нема да поднесам оставка“, рече Аморим.