АМСМ: “На граничните премини ‘Табановце’ и ‘Богородица’ се чека 30 минути“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути, додека на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСММакедонија