„11 години Никола Груевски импровизираше, но не направи ниту еден чекор, тогаш изгубивме повеќе од една деценија и пак ништо. Македонија и Албанија не може да бидат врзани како сијамски близнаци на патот кон ЕУ“ реагира аналитичарот Мерсад Биљали. Оваа изјава ја даде во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 од каде порача дека требало да се размислува за дистинкција.
„Реално мислам дека практиката е докажана во тоа, ние чекавме 11 години дека Груевски ќе го реши името дури импровизираше средби, но реално не се направи ниеден чекор. Ние изгубивме 11 години и се најдовме уште понаназад“, вели Биљали.