Анастасија Ражнатовиќ денеска се огласи на Инстаграм и откри досега непознати детали за себе.
Имено, таа прифатила анкета на Инстаграм со листа на особини и навики, како и преференци, а воедно ги одбележала и впечатливите кои се однесуваат на неа.
Меѓу другото, Анастасија изјавила дека е интровертна, што изненади многумина бидејќи избрала да се занимава со јавна работа, што си противречи.
Освен што изјави дека е интровертна, па затворена во себе и мистериозна, Анастасија истакна и дека е сонувач, дека постојано доцни, дека е ноќен тип на личност, фер…
Таа посочи и дека сака и мачки и кучиња, зајдисонца, дека е обемна во излагањата, но и едноставна.
Некои од овие особини биле забележливи и порано, но има и такви кои можеби никогаш не би претпоставиле дека ги поседува ќерката на Цеца.
Да потсетиме, иако одлучи дека нејзината професија е пеењето и започна успешна музичка кариера, Анастасија Ражнатовиќ се повлече бидејќи живее со Немања Гудеља во Севиља. Се омажила за него тајно, во кругот на потесното семејство во еден манастир во Србија.