Анастасија Ражнатовиќ со Немања Гудеља и неговиот возач отпатува во Франција, во Сен Тропе, а на своите следбеници редовно им покажуваат како се забавуваат.
Синоќа уживаше во романтична вечера со Немања, а сега покажа како го поминале сончевиот ден на море.
Пејачката го покажа местото каде седнале да се напијат кафе, а потоа се сликала со возачот на Немања и сите забележаа колку добро изгледа.
Носеше маичка со длабоко деколте, па деколтето и беше во преден план, на главата имаше капа и розови очила а коментарите за нејзиниот изглед се нижеа.
„Блескаш“, „Убава си“, „Изгледа навистина уживаш во одморот“, „Никогаш не си изгледала подобро“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, неодамна пристигна од Севиља откако го загуби своето бебе во петтиот месец од бременоста.
Поради ова Цеца решила да не прави голема прослава за роденденот, па се собрале во кругот на семејството во семејната куќа на Дедиње.