Потпретседателот на Главниот одбор на Српската напредна партија Ана Брнабиќ одржа конференција за новинари во седиштето на СНС.
– Во таква атмосфера и во такви околности на примерок од 50%, каде што може да има минимални промени, нашата листа „Србија не смее да запре“ има поддршка од 47,1 отсто – рече таа.
Србија против насилство -23%, СПС – 6,7%, 4,9 – НАДА, 4,6 – Несторовиќ и Двери имаат меѓу 2,9 и 3% – рече Брнабиќ.
Таа ги коментираше и резултатите од изборите за Белград.
– За Белград само што почнуваат да пристигнуваат првите резултати. Свесна сум дека опозицијата има план таму да прогласи победа, иако гласовите не се ни пребројани. Тие сами си измислуваат бројки, но тоа е во склад со се што прават – изјави Брнабиќ.