Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер живеат во многу среќен брак, а имаат два сина Лука и Леон.
Регионалната тенисерка Ана Ивановиќ на својот Твитер профил откри неколку кадри од својот дом, а се гледа дека е луксузно уреден.
Имено, тие купиле луксузна вила во селото Вестендорф во Австрија, која содржи околу 400 метри квадратни и чинела 3,5 милиони евра, пренесува Блиц.рс.
Во рамките на куќата има огромен двор кој содржи тениско и фудбалско игралиште.
За самата внатрешна декорација била задолжена Ана, која целиот мебел и детали го избрала во посветли тонови како беж, сива и бела боја.
Таа често споделува фотографии од својата кујна, каде особено сака да поминува време пробувајќи нови јадења за своето семејство.
Да потсетиме, Ана и Бастијан се заедно од 2014 година, се венчаа две години подоцна, а имаат два сина Лука и Леон.