Ана Ивановиќ покажува како да се носат најсекси бикини оваа сезона 

Поранешната српска тенисерка реши да почне одново, а промената на стилот беше прва на листата на нови животни цели…

Ана Ивановиќ веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста , секако, сето тоа поради 
разводот од Бастијан Швајнштајгер .

И додека поранешниот германски фудбалер  бара среќа со фаталната Бугарка , српската убавица одлучи да започне одново , со нови животни цели.

Промената започна со нејзиниот имиџ, а сега имаме можност да ја видиме Ана во атрактивни комбинации . Повеќе од кога било досега, таа е активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од своите патувања.

Неодамна имавме можност да ја видиме во смел фустан од модната куќа Poupette St Barth , а сега позираше за своите обожаватели на Инстаграм во уште посмел костим за капење .

Како што можете да видите, таа одлучи да облече класично црвено бикини , што е еден од летните трендови, кое го искомбинираше со бело мини здолниште. 

Долниот дел од облеката е украсен со предимензиониран цветен детаљ кој совршено го надополнува ова минималистичко издание.

Таа додаде златен ланец на својот стајлинг, како и црвени очила како завршен детаљ.