Ана Николиќ итно е примена во болница, на кожна клиника бидејќи лицето и’ е во критична состојба.
Како што пишуваат тамошните медиуми, пејачката веќе некое време води битка со кожата, а бидејќи има сè повеќе проблеми морала да се обрати за помош на лекарите. Поради критичната состојба, Николиќ била примена на машкото одделение, а таа барала сè да биде строго доверливо.
Пејачката е ,,фатена” пред клиниката каде дошла со нејзината тетка. Ана била вознемирена, а упорно се јавувала на лекар и’ се обидувала да го сокрие лицето. Се обидела да се маскира и да се сокрие од очите на јавноста и ставила голема капа, како и наочари кои покриваат половина од нејзиното лице.
Ана привлече големо внимание при нејзиното појавување во емисијата „Амиџи шоу“, каде многумина коментираа дека лицето и’ е со лузни и нема заби, поради што ја прозиваат на социјалните мрежи. Исто така, освен на тв емисии, Ана на настапите се труди и да го покрие лицето со лепливи циркони.
Да потсетиме, Ана неодамна призна дека планира да оди на клиника во Австрија каде ќе има целосна детоксикација на телото, а многумина веруваат дека таа ќе оди таму за да се одвикне од алкохолот.
– Да, сакам да одам, но сега немам време, кога ќе го завршам концертот. Клиника е, прескапа, две недели, ништо не јадеш, ти препишуваат салати, вода… Само богатите одат таму. Она што го поврзуваат со алкохолот е детоксикација. Мислев дека е добро да се исчисти телото, панкреасот, црниот дроб, таму се наоѓа имунолошкиот систем. Не е пријатна процедура, така мислат луѓето, како бања, се бањаш. Ставаат тревки, кактус, полномоштвото го напишав првата вечер кога ми го ставија, пред неколку години, овде во Белград – изјави таа во една емисија.