Англискиот фудбалер Киран Трипие е пред развод.
Киеран Трипие е пред развод, а неговата сопруга потврди дека гласините се точни со тоа што не се појави во Германија. Таа беше единствената што не го поддржа сопругот, јасно е зошто.
Имено, уште минатата година, кога фудбалерот го прославуваше пласманот на својот клуб во Лигата на шампионите, истата вечер заврши со друга жена. Папараците снимија се и веднаш објавија.
Неговата законска сопруга Шарлот во тоа време била на одмор во Шпанија.
После тоа таа престана да го следи на социјалните мрежи, а како што пишува Дејли Мејл, оттогаш нивниот брак е во криза.
Додека траеше Европското првенство во Германија, Шарлот ја стави на продажба нивната куќа вредна 4,5 милиони евра.
Многумина се шегуваат на сметка на фудбалерот и велат дека тој сега е во многу поголеми неволји од колегата Кајл Вокер, чија сопруга и љубовница пристигнаа во Германија.