– Крилниот играч на англискиот фудбалски клуб Сандерленд, Џек Дајмонд (23), е обвинет за силување и сексуален напад, соопшти денеска британската полиција.
Во мај лани полицијата доби дојава дека жена била сексуално нападната по што отвори истрага, а потоа уапси и еден маж.
Дајмонд е обвинет за силување и сексуален напад и треба да се појави пред британски суд во мај.
Раководството на Сандерленд, клуб кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип, веднаш го суспендираше Дајмонд, додека фудбалскиот клуб Линколн, каде играчот беше позајмен оваа сезона, експресно го раскина договорот.
Дајмонд сезонава постигна осум голови на 36 натпревари за Линколн, додека за Сандерленд има 45 настапи.