Англичаните ја открија вистината: Пивото со кое Нуњез го поли на Салах беше безалкохолно

Фудбалерите на Ливерпул вчера освоија нова шампионска титула во Англија, која ја потврдија со победата од 5-1 над Тотенхем.

По освојувањето на титулата, на теренот имаше среќни сцени, меѓу кои и Дарвин Нуњез заедно со Египќанецот Мохамед Салах.

Уругваецот го поли со пиво на Салах предупредувајќи го да не го прави тоа бидејќи е муслиман и не пие алкохол.

Сепак, станува збор за безалкохолно пиво со 0,0 отсто алкохол, кое Ливерпул го користи за време на прославата на титулата од почит кон муслиманите.

Да додадеме како Салах одигра клучна улога во освојувањето на титулата на Ливерпул, постигнувајќи 28 гола со 18 асистенции во Премиершип.

Инаку, „црвените“ го освоија и англискиот шампионат во 2020 година, а Ливерпул славеше со безалкохолен шампањ од почит кон Египјанецот и Садио Мане, кои се муслимани.