Позицијата на Украина е зајакната за време на самитот во Саудиска Арабија, чија цел е да се најде пат кон мирен крај на руската инвазија, изјави денеска шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак.
Според него, „иако имаше разлики во мислењата меѓу околу 40-те земји на Самитот, сите се обврзаа да ја почитуваат Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право и принципите на суверенитет и територијален интегритет“.
-И врз овие принципи е изградена формулата за мир на претседателот (Володимир) Зеленски, која детално ја опишавме“, нагласи Јермак кој ја предводеше делегацијата на Украина на Самитот во Џеда.
Предлогот на Зеленски за мир вклучува повлекување на руските трупи од цела Украина, меѓународен трибунал за гонење на руските воени злосторства и меѓународни безбедносни гаранции за Украина.