Анкета на „CBS News“ и „YouGov“: Трамп има поддршка од 61 отсто од републиканците, Десантис 23 отсто

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп моментално има поддршка од 61 отсто од републиканските гласачи, во споредба со Рон ДеСантис, главниот ривал на партијата за претседателските избори во 2024 година, кој има 23 отсто од гласовите, според анкетата на „CBS News“ и „ истражувачката агенција YouGov“.

Сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот и поранешниот потпретседател Мајк Пенс добија по четири отсто од гласовите, додека кандидатката Ники Хејли има три отсто од довербата на републиканските гласачи.

Кога републиканските гласачи беа прашани што ќе се случи доколку Трамп биде осуден пред федералниот суд, 80 отсто одговориле дека тој дефинитивно треба да биде претседател.