Членството во НАТО е добра одлука. Оваа одлука ја зголеми безбедноста, но не даде никаков придонес во процесот на членство во Европската унија. Ова е ставот на граѓаните анкетирани во последното истражување „Детектор“ што го спроведе Институтот за политички истражувања.
Според истражувањето, 61 отсто од испитаниците се со став дека членството во НАТО од денешен аспект е добра одлука, 28,6 отсто се против.
Споредено со претходното истражување на истиот институт, пренесува Телеграфи, нема големи разлики кога 57,5 отсто од граѓаните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука.
За 52,6 отсто од испитаниците, со влезот во НАТО безбедноста во земјава е зголемена во Македонија, додека 36,8 отсто не се убедени во тоа.
Кај Албанците 82,4 отсто сметаат дека членството во НАТО ја зголеми безбедноста, додека кај Македонците 46,3 отсто се изјасниле дека безбедноста е зголемена, а 43,7 отсто го велат спротивното.
Во последните 5 години континуирано се зголемува бројот на граѓани кои сметаат дека со влезот во НАТО Македонија е побезбедна земја. Од 50,5% во 2019 година, овој процент се зголеми на 52,6%.
Повеќе од половина или 56,3 отсто од граѓаните велат дека членството во НАТО не го забрза евроинтегративниот процес, а 33 отсто сметаат дека придонесе за забрзување на процесот.
Анкетата ја спроведоа 1.079 испитаници во периодот од 16 до 20 април годинава.